МАРИОВО – предание за настанок на името

Booking.com

Во времето на заробувањето на Македонија од Турците, еден паша шетал низ сите села низ Мариово, како се сметаат дваесет и пет села мариовски.

Дошол до селото Вепрчани.

Бил распореден кај еден најбогат човек во селото. Имал тој ќерка.

На пашата ногу му се бендисала ќерката на газдата и му предложи да му ja даде за жена. Татко и на девојката се бранил, дека е тој рисјанин а овој e друга вера.

Пашата:

– Ако не можиш милом ќе биде силом, ке ти ja земам девојката!

Tогај таа го предоитрила пашата:

– Ако направиш едно добро за ова наше место, ќе те земам јас!

– Што сакаш?

– рече пашата.

– Jac ќе направам, само да дојдиш со мене. Е што сакаш?

Сакам од местото Полошки манастир, Селечка Планина до селото Брод – битолско, планината Ниџе, Козјак до кaj што држе, тој предел да остане рајатско место, да не идат Турци тука.

Пашата имал голема власт и направил еден таков тестамент.

Викнал адвокати (муфтон) и го прочитале документот.

Девојката морала да тргне за пашата. Тргнале со пратњата што а водил тој. Toj водил вojcкa и тргнале да одат према Прилеп, према селото Дуње. Девојката се подготвила уште не кинисана. Си наострила еден нож, ние мариовците го викаме кркле, што и стрижиме овците.

Тоа е најостро оружје кое што се наоѓа, си го зема скришум. Адетот на Турчинот му бил да ја качи на колот зад него. Тргнале према селото Дуње, тоа е место наугорница и кога дошло веќе да излезат на угорницата тaja кркликот си го закачила в среде себе, си извршила самоубиство.

Со удирањето со кркликот паднала од колот и Турците застанале.

Не знаат што да прават сега и се популиле. Taja паднала, со паѓањето од коњот уште повеќе се удрила и умрела. Да се враќа пашата, да го зема тестаментот што го дал да остане местото кое го означило од Полошкиот манастир, целата Селешка Планина, до селото Брод, Ниџе, Koзјак и Железна Врата, му било срам и си и потерале коњите и избегале.

Девојката се викала Maрија и по нејното име останало местото кое и денеска се вика Мариово.

После отидувањето на пашата и останувањето на името Мариово останала земјата pajaтска. Долго време Турците не дошле во Мариово да го наследат со чивлизи и турско население, тука управувале земски кметови.

Првите земски кметови биле од селото Вепрчани, селото Манастир, Старавина и Витолишта. Тие се менувале со избори и така долго време останале, само и тие не биле многу добри и тие правеле нереди, као што и Турците правеле нереди и тие имале хареми и така натаму.


Извадок од: ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР „МАРКО ЦЕПЕНКОВ” – СКОПЈЕ / МАКЕДОНСКО НАРОДНО ТВОРЕШТВО

НАРОДНИ ПРЕДАНИЈА / КНИГА 1 – МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПРЕДАНИЈА – Подготвил ТАНАС ВРАЖИНОВСКИ  / СКОПЈЕ – 1986

Booking.com