Откријте го Мариово

Дејди, дејди, Шарпланино мори!
Да би ветер гранки ти сокршил,

Да би огањ корен ти изгорел!
Мене туа, кај што Милош беше,
Кај што Милош овци ми пасеше,
Кај го роди чобаница Јана,
Ми дојдова до трите овчари,
Три јовчари, млади Маријовци,
Ми дојдова пуста Шарпланина,
Маријово не се повратија!
Први јовчар збори ем говори;
„Дејди, дејди, Шарпланино мори!
„Мајка немам, мори, да ме жали,
 „Сестра немам, мори, да ме тажи,
„Љубе немам, мори, да ме плачи,
„Никој немам јаз од рода моја!”
Втори јовчар збори ем говори:
„Дејди, дејди, Шарпланино мори!
„Мен’ ме мајка, ајде, ќе ме жали,
„Мајка жали, мори, ем до веко!
„Мен’ ме сестра, ајде, ќе ме тажи,
„Дур да појди, мори, на кладенец!
„Мен’ ме љубе, ајде, ќе ме плачи,
„Дур да појди, мори, на стредсело!”
Трети јовчар збори ем говори:
„Дејди, дејди, Шарпланино мори!
„Јаз си немам рода да ме жалат,
„Ама имам моји побратими,
„Побратими, ајде, посестрими!
„Мене ќе ме, мори, изжалаја,
„Изжалаја моји побратими,
„Побратими, ај, Свети Јовани!
 „Ајде, друго, моји посестрими,
„Посестрими, ај, Свети Јованки!”

 

 

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu