Откријте го Мариово

Мори, мори Злато,
Златна трепетушко;
Златна трепетушко,
Стребрена верушко;
Стребрена верушко,

Киско босилкова;
Киско босилкова,
Метло страторова;
Метло страторова,
Вило двајорога;
Вило двојорога,
Прилепско симиче;
Прилепско симиче,
Битољско гугуче;
Битољско гугуче,
Маријовско моме!

Деј, ѓиди, лудо,
Лудо и младо!
Само ми се лажиш,
Само ми се мамиш!
Кој ми те лажи,
Кој ми те мами?
Јаз ќе се сторам
Белата пченица!—

Јаз ќе си појдам
Чичова ограда,
Јаз ќе му се главем
На чичо ти жетвар:
Ем ќе му жнијам,
Тебе ќе те лубам!—

Деј, гиди, лудо,
Лудо и младо!
Само ми се лажиш,
Само ми се мамиш!-

Кој ми те лажи,
Кој ми те мами?
Јаз ќe се сторам
Калешното јагне!—

Јаз ќe си појдам
Чичово ти трло,
Јаз ќe му се главем
На чичо ти чобан:
На леб ќe те учам,
Тебе ќe те лубам!—

Деј, гиди, лудо,
Лудо и младо!
Само ми се лажиш,
Само ми се мамиш!-

Кој ми те лажи,
Кој ми те мами?
Јаз ќe се сторам
Белата лозница!—

Јаз ќe си појдам
Чичово ти лозје,
Јаз ќe му се главем
На чичо ти падар:
Ем ќe те чувам,
Тебе ќe те лубам! —

Деј, гиди, лудо,
Лудо и младо!
Само ми се лажиш,
Само ми се мамиш!

Кој ми те лажи,
Кој ми те мами?
Јаз ќe се сторам
Трева детелина!—

Јаз ќe си појдам
Чичови ливаѓе,
Јаз ќe му се главем
На чичо ти косец:
Ем ќe му косам,
Тебе ќe те лубам!

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu