Откријте го Мариово

Се скарале Марко, Марковица,
Се скарале, вели, за ниошто,

За пустата, море, јубавина!
Марко вели: ,Јаз сум поубаво!”
Марковица: јаз сум поубава!”
Се налути Марко Крале,
Ми одбегна Марко на туѓина,
Ha туѓина, во Солуна града;
Време стојал, време три години,
Во Солуна, кај Map’ крчмарица.
Што му пушти млада Марковица,
Што му пушти једна бела книга:
„Дејди, Марко, Марко Крале,
„Се допило вино трогодишно,
„Се дојало маќинското брашно;
„Ал’ си одиш, али да ми кажиш,
„Да ми кажиш, крајо да си барам?”
Марко сношти сон си сонувало:
Се собрале во рамни дворови,
Се собрале пилци сколовранци,
Ај, во пилци горска јаребица,
Ајде, друго, сива соколина!
Што ми стана Марко првно утро,
Сон ји каж’ва негов’ посестрима:
„Дејди, Маро, Маро посестримо,
„Што сум сонок, сонок сонувало:
„Се собрале во рамни дворови,
„Се собрале пилци сколовранци,
„Ај, во пилци горска јаребица,
„Ајде, друго, сива соколина!”
Изговори Мара крчмарица:
„Дејди, Марко, Марко Крале,
„Пилците се китени сватови,
„Јаребица — млада Марковица,
„Соколина — млада зетушина, —
„Ќе ти ј’ земат јубава невеста!”
Што дочуло Беле Костурјанче,
Оти ми је Марко избегало,
Запустило јубава невеста
За пустата, море, јубавина!
Што ми дојда во Вароша града:
„Дејди”, рече, „млада Марковице,
„И јаз сум си појунак од Марка:
„Ко’ се бихме с Турци, клети Турци,
„Кс’ се бихме на Косово рамно,
„Кај што беше стари кнес Лазар,
„Кај што беше Милош Обилиќ,
„Тамо беше Марко Крале;
„Он носеше два табура војска,
„Јаз си носе три табури војска, —
„И јаз сум си појунак од Марка!
Ми ја зеде млада Марковица,
Ми ја зеде Беле Костурјанче,
Ја однесе во Костура града.
Тогај Марко, тогај ми потегна,
Ми потегна од Солуна града;
Овде-јонде по бели друмови,
На пат стрете једно старо дедо,
Тој ми паси дробните телчиња:
„Добро утро, море, стари дедо,
„Кај си пасиш дробните телчиња,
„Да ли виде китени сватови?” —
„Дај Бог добро, Марко Крале,
,Јаз ји видо китени сватови, —
„Он ми беше Беле Костурјанче.”
Погор’ најде једен млади орач:
„Добро утро, море, млади орач,
„Кај си ораш, и песна пејеш,
„Да ли ти се сурци ујдисани,
„Да ли ти је невест ујдисана,
„Али ти је нива лебородна?” —
„Та и сурци ми се ујдисани,
„Та и нива ми је лебородна,
„И невеста ми је погодена;
„Ами сега једна што помина,
„Летно сонце, сонце ми грејеше!”
Ми се чуди Марко јод Вароша:
Ми позна млада Марковица!
Ми се стори криво-улугаво,
Ми се стори крива просјачина;
Ми отиде во Костура града,
Он ми проси кај Белеви порти;
Ами време веќе ми се стемни,
Уште проси крива просјачина.
Изговори Беле Костурјанче:
„Дејди, мори, млада Марковице,
„Ај, викни ја крива просјачина,
„Нек ноќува во нашата куќа.”
Ми отиде криво-улугаво,
Ми отиде во Белеви куќи;
Го кладоа на чесна трпеза.
Пијат, јадат Белеви пријатели,
Отвараја Марковата сабја,
Марковата сабја зглобалија,
Отвараја — не ми се отвори!
My дадова на Марково внуче,
Младо внуче, дете Секуленце;
Ми ја зеде Марковото внуче,
Ми ја зеде, ми ja подмрднало!
„Натема го Марково колено!
Изговор’ја гости, пријатели, —
„Дајте му ја на крив’ просјачина.
Изговори крива просјачина:
„Кај сум видел кривото железо?
„Кај сум видел како се отвора?”
Натема го крива просјачина!
To не било крива просјачина,
Туку било Марко маѓесница:
Што ја зеде сабја зглобалија,
Ми ја удри од десно колено,
Се поправи сабја колаклија!
Стана Марко на јуначки нози,
Се разврте на лево, на десно,
Го разлути срце пеливанско:
Он ми удри Беле Костурјанче,
Он ми удри гости, пријатели,
Ја запусти чесната трпеза;
Си ја зеде млада Марковица,
Ја занесе во Прилепа града.

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ

 

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu