Откријте го Мариово

Се засилил жолта Баздриќана,
Се засилил во Солуна града:

Он погубил седумдесе краља,
Ем погубил осумдесе бана;
Ји направил девет бели кули,
Ји направил од јуначки глави!
Он ми шетал, жолта Баздриќана,
Он ми шетал по белите кули,
Он ми шетал, сам се разговарал:
„Оти немам једна мила мајка,
„Да ми седи во шарени кули?
„Оти немам једна мила сестра,
„Да ми мети ‘вија бели кули?
„Оти немам убава невеста,
„Да ми шета по шарени кули?”
Тако зборил, тако ми се думал,
Ми се сетил, Бог да го убије,
Оти има во Прилепа града
Једен јунак Крале Марко:
Марко има, Марко делибаша,
Марко има једна стара мајка,
Марко има једна мила сестра,
Марко има убава невеста!
И му пратил једна бела книга:
„Дејди, Марко, Марко делибаша,
„Али овде јунак ќе ми дојдиш,
„Али тамо мене да ме чекаш,
„Да ти видам твојето јунаство?”
Како примнал таја бела книга,
Многу Марко, море, си каздисал,
Уш’ повеќе он ми се увилил!
Ми ја прашал старата му мајка:
„Дејди, мајко, моја стара мајко,
,Натема го, Бог да го убије,
„Натема го жолта Баздриѓана,
„Баздриѓана од Солуна града!
„Што ми пратил једна црна книга,
„Во книгата, мајко, ми пишува:
„Али тамо јунак да му одам,
„Али овде него да го чекам,
„Да ми види мојето јунаство?
„Макар да је појунак од мене —
„Што погубил седумдесе краља,
„Ем погубил осумдесе бана —
„Не го пуштам кај мене да дојда,
„Не го пуштам да се слави јунак,
,,Да се слави јунак над јунака, —
„Ќе му одам во Солуна града!”
Изговори Марковата мајка:
„Дејди, Марко, Марко мили синко,
„Он је многу појунак од тебе!
„Арно рече, арно ми думаше,
„Немој овде, синко, да го чекаш,
„Ами тамо, тамо да му одиш,
Да го бараш, да му најдиш крајо!
„Да се сториш Божја просјачина,
„Да облечиш коња пеливана,
 „Да г’ облечиш вов црна промена;
„Да с’ облечиш како просјач Божји,
„Да ми појдиш под Солуна града!
„Тамо има једна бела чешма,
„Чешма ми је со девет шопурки;
„Тамо оди жолта Баздриѓана,
„Секо утро вода да си пије,
„Да ји мије тија жолти нози;
„На коњ вјава, вјава наголице,
„Кога дојди, коња ќе си пушти,
„Ќе с’ наведе, вода да си пије, —
„Тоги гледај со сабја да маниш!
 „Ами преку половина, синко,
„Не го удри со острата сабја,
„Оти сабја туа не го сечи, —
„Зошто му је срце каменито,
„Зошто пије таја добра вода,
„Зошто ј’ пије на гладното срце, —
„Да му сечиш нози до колена,
„Да се качиш коња пеливана,
„Да ми бегаш колку што си можеш,
„Да не т встаса и не те погуби.”
Како Марка мајка го научи,
Тако Марко мајка си послушал:
Си облечил коња пеливана,
Си облечил вов црната руба,
Ми се стори Божја просјачина
И си зеде сабја дипленица;
Што си вјана коња пеливана,
Овде-онде по бели друмови,
Ми отиде во Солуна града.
Тамо најде таја бела чешма,
И си ошол пред јасното солнце,
Кога солнце, кога ќе ми болцне;
Коњ си пуштил трева да ми паси
И ми седнал кај белата чешма.
Малку време, време ми је прошло,
Ете иди од Солуна града,
Ете иди жолта Баздриѓана,
Он си вјавал коња наголице;
Ми пристигнал кај белата чешма,
Го догледал Марка маѓесница:
„Добро утро, Божја просјачино!” —
„Дај Бог добро, јунак над јунака!”
Он ми слегол од брзата коња,
Ми ји запнал тије осум шопки
И се навел на девета шопка,
И се навел, вода да си пије.
Тоги Марко, Марко делибаша,
Ми извади сабја дипленица,
Једнеш мавна, нози му пресече,
My пресече нози до колена,
И си вјана коња пеливана,
И ми летна по пат да ми бега.
Натема го жолта Баздриѓана,
Ми се загна нози поткинати,
Ми се загна без нози да трчи,
Да го вати Марка делибаша:
Три ми сати без нози го бркал,
Ми го бркал по бели друмови;
Ко’ не можел да ми го увстаса,
Од тежина така си је пукнал!
Да го видиш Крале Марка,
Марко ми се тога прославило,
Оти ми је јунак над јунака!

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ

 

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu