Откријте го Мариово

Се собрале, ајде, се набрале,
Се собрале седумдесе крала

Во Солуна, во ладна мејана;
Вино пијат, ајде, збор си чинат,
Ќе се ватат голема облога.
Што ми дојда жолта Евреина,
Што ми дојда, облог ми се вати:
„Дејди, море, седумдесе крала,
„Кој ќе може, море, да се вати,
„Да ми сврши до трите облога:
„Да ми појди земја на крајина,
„Да ми појди солнце кај угрева,
„Да ми земи једен бели нишан,
„Од стред земја втори бели нишан,
„Трети нишан од друга крајина,
„Од кај солнце што ми си заоѓа?
„Кога утро солнце ќе ми болцне,
„Тога јунак на пат да киниса;
„Кога вечер солнце ќе заоѓа,
„Тога јунак дома да си дојде,
„Да донеси три бели нишани.
„Ако облог, облог ми го сврши,
„Ќе му давам’ три товари азно-,
,,Ако ли ми облог не усврши,
„Ќе му земам убава невеста!”
Ми го слушат седумдесе крала,
Го слушаа, глави наведоа;
Ами Марко, Марко Крале,
Само Марко глава си исправи:
„Дејди, море, жолта Евреина,
,Јаз ќе свршам голема облога,
,Јаз ќе земам три бели нишани!”
Се ватиле голема облога,
Пред сведоци облог го врзаа.
Марко тргна до Прилепа града,
Да си земи коња пеливана.
Он ми влези темна коњушница,
Тамо има седумдесе коњи,
Зоб му дава пребела пченица,
Вода ј’ поји вино трогодишно,
Ми ји праша, коње ми ји пита:
„Бели коњи, седумдесе коње,
„Јаз одадов ваша домаќинка
„На солунска жолта Евреина!
„Се ватиме голема облога:
„Кога утро солнце ќe ми болцне,
„Тога јунак на пат да кинисам,
„Да си појдам земја на крајина,
„Да си појдам солнце кај угрева,
„Да си земим једен бели нишан,
„Од стред земја втори бели нишан,
Трет нишан од друг крај,
„Од кај солнце што ми си заоѓа;
„Кога вечер солнце ќe заоѓа,
„Тога јунак дома да си дојдам,    
„Да донесам три бели нишани.
„Ако свршам голема облога,
„Да му земам три товари азно;
„Ако ли му облог не усвршам,
„Да ми земи ваша домаќинка!”
Ми го слушат седумдесе коњи,
Сите коњи глави наведоа!
Што ми седна Марко Крале,
Bo дворови, на мраморна плоча,
Се увили Марко завалија!
Го догледа млада Марковица:
„Дели Марко, мили мој стопане,
„Што си толко, Марко, увилено?” —
„Ој, невесто, моја домаќинко,
„Ој, невесто, мило добро моје,
„Те одадов жолта Евреина!
„Се ватиме голема облога:
„Кога утро солнце ќе ми болцне,
„Тога јунак на пат да кинисам,
„Да си појдам земја на крајина,
„Да си појдам солнце кај угрева,
„Да си земим једен бели нишан,
„От стред земја втори бели нишан,
„Трети нишан од друг крај,
„Од кај слонце што ми си заоѓа;
„Кога вечер солнце ќе заоѓа,
„Тога јунак дома да си дојдам,
„Да донесам три бели нишани.
„Ако свршам голема облога,
„Да му земам три товари азно;
„Ако ли му облог не усвршам,
„Да ми земи моја домаќинка!
,Јаз му реко седумдесе коње,
„Ами коњи сите с’ исплашија,
„Исилашија, глави наведоа,
„Тиј’ не можат облог да усвршат! —
„Дели Марко, мили мој стопане,
„Иди, Марко, зелени ливаѓе,
„Најди си ми коња нападена;
„Таја коња много сум гледала,    
„Скришем зоб сум јаз нему давала,
„Скришем вода сум него појила;
„Таја коња мене ќе зажали,
„Ќе т’ усврши голема облога!”
Марко појде зелени ливаѓе,
Си го најде коња нападена,
My кажува Марко, завал Марко:
„Дејди, коњче, коњче нападено,
„Јаз одадов твоја домаќинка,
„На солунска жолта Евреина!
„Се ватиме голема облога:
„Кога утро солнце ќe ми болцне,
„Тога јунак на пат да кинисам,
„Да си појдам земја на крајина,
„Да си појдам солнце кај угрева,
„Да си земим једен бели нишан,
„Од стред земја втори бели нишан,
„Трети нишан од друг крај,
„Од кај солнце што ми си заоѓа;
Кога вечер солнце ќе заоѓа,
Тога јунак дома да си дојдам,
,Да донесам три бели нишани.
„Ако свршам голема облога,
„Да му земам три товари азно;
„Ако ли му облог не усвршам,
„Да ми земи убава невеста!”
Ми го слуша коњче нападено,
Ми го слуша, глава исправило:
„Дели Марко, Марко Крале, „
Ајде малце да ме потимариш,
„Оти сум ти јаз много прегладнет,
„Није облог лесно ќe свршиме.”
Што си стана Марко Крале,
Што си зеде коњче нападено,
Ми го зоба пребела пченица,
Ми го поји вино трогодишно.
Утре рано во света недела,
Кога солнце што ми је болцнало,
Марко вјана коња нападена,
Нападена коња пеливана;
Ми го зеде јуначко оружје,
Остра сабја, жолта боздогана,
Ми киниса земја на крајина.
Овде-онде по бели друмови,
Ми отиде кај солнце угрева,
И си зеде једен бели нишан.
Овде-онде по бели друмови,
Ми отиде, море, на стред земја,
И си зеде втори бели нишан.
Овде-онде по бели друмови,
Ми отиде на друга крајина,
Ми отиде кај солнце заоѓа,
И си зеде трети бели нишан.
Пак Марко надзад ми се враќа,
Ми се враќа, дома да си дојди;
На пат најде једна чесна свадба,
Ми имаше свадба во селото,
Ми се врати малце да попије.
Што ми седна Марко на трпеза,
Што ми стана Марко да си пије,
Ми забрави време што ли ми је!
Ами коњче, коњче нападено,
Коњче вришти во рамни дворови,
Калдрма ми ископа со нози!
Ми станале два млади девери,
Ми станале да ми го одврзат;
 Ами коњче, коњче нападено,
He му дава да ми го одврзат!
Тога одат два млади девери,
Тога одат, Марка му кажуват:
„Дели Марко, Марко делибаша,
„Коња вришти, калдрма искорна!”
Дури тогај Марко ми се сети,
Ми се сети голема облога!
Што ми стана од чесна трнеза,    
Што ми рипна на јуначки нози,
Право оди кај добра си коња,
Си одврза негов’ добра коња,
И си вјана од рамни дворови;
Овде-онде по бели друмови,
И со солнцс дома па си дојде.
Ми отиде во Солуна града,
Ми го најде жолта Евреина,
И му даде три бели нишани:
„Да ми дадиш три товари азно,
„Да не т земам глава до рамена!”
Се увили жолта Евреина
И му даде три товари азно.

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ

 

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu