Откријте го Мариово

Маро месечино,
ај влези си дома,
запали борина,
просвети пондила;
ај земи си узда,

коња да науздиш,
да си одиш горе,
горе Шар Планина;
дрво да пресечиш,
дрво јаворово,
јагне да бележиш,
јагне бележито.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: овчарска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu