Откријте го Мариово

Дремка не навали, мила мамо,

по црните очи.

Ако те навали, мили сину,

вечерај легни си.

Ах! не можам да заспам, мила мамо,

од комшичко девојче

иди ми го барај, мила мамо,

белки ќе т’ го дадат.

Ако ти го дадат, мила мамо,

седи јем поседи,

седи јем поседи, мила мамо,

ручок да му ручаш,

ручок да му ручаш, мила мамо,

вино да с’ напијеш,

винце да с’ напијеш, мила мамо,

брго да се вратиш,

брго да се вратиш, мила мамо,

абер да донесиш.

Бела коња вјавам, мила мамо,

црна ќе ја менам,

бело руво носам, мила мамо,

црно ќе го мена.

 

Извор: Книга – Народни Умотворби

Автор: Стале Попов

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu