Земи ме Нешо, мори стрикова,
земи ме јагне, море, калешо (сугаре).
Ослепел, Стојко, море, онемел,
лели сме пуста, море, родбина:
татко ти и татко, Стојко, два брата,
мајка ти и мајка, море, јетрви
ние со тебе, Стојко, две први.
Земи ме, Нешо, мори стрикова,
земи ме јагне, море, сугаре,
јагне сугаре, Нешо, гре’ нема,
моме јубаво, Нешо, род нема.
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com