МИЛКАНА ТАНЕЦ ВОДЕШЕ – лирска песна

Booking.com

Милкана танец водеше
Никола камен врљаше,
и му се шега биеше:
-Никола момче Никола,
сакаш го врљај не врљај,

тебе те мома не зева,
ниту проклета вдовица
со девет деца сираци!
Падна му грдо Никола,
дошол си дома во дворот;
мајка му си го питаше:
-Никола синко Никола,
што си Никола налутен,
кој ми те в кавал натсвире,
кој ми те камен натврли,
кој ми те оро надигра?
-Никој ме в кавал натсвире,
никој ме камен натврли,
никој ме оро надигра;
Милкана танец водеше
 и ми се шега биеше:
– Никола момче Никола,
сакаш го врљај не врљај,
тебе те моме не зева,
ниту проклета вдовица
со девет деца сираци.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Доќа Марчевска, родена 1908 година во с. Груниште, омажена во селото;а 1954 имаше 46 години.
Вид на песна: љубовна

Booking.com