Откријте го Мариово

Мина Марко, мина,
дење на пладнина
низ турски дворови.

што го догледала
Турчинка девојка:
Ѓелди Марко, ѓелди,
име да ти кладам:
сакаш Асан-бего,
сакаш Ахмед- ага!
Ѓелди мори, ѓелди,
Турчинко девојко,
име да ти кладам:
сакаш Анѓелина,
сакаш мома Ванѓа!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Златевска, родена 1898 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1954 имаше 56 години.
Вид на песна: семејна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu