Откријте го Мариово

Ми се разиграле
до три мали моми,
ми се разиграле
среде манастира;
на пенџере стои

црно калуѓере,
црно калуѓере
црно каве пие,
црно каве пие
црно писмо чита,
црно писмо чита
вели ем говори:
– Вие мали моми,
оти не игравте
лани оломнани,
туку ми играте
ваја бре година,
да не си го врља
воа црно руво
и да ви се вата
напре на танецот!
 .
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Доќа Марчевска, родена 1908 година во с. Груниште, омажена во селото;а 1954 имаше 46 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu