Ми ce собрале
млади комити
горе над село
крај плетиштата.
Ми се думаа
каде да одат;
ми изговори
Стојко капедан:
– Ајде ќе ојме
отаде река,
во Рамништето,
Цветкови трла,
ќе го бараме
Цветко Веселин!
He го најдоа
Цветко Веселин,
ми ги најдоа
негојте деца,
ми ги најдоа
и ги заклаа.
Ми се думале
каде да одат;
ми изговори
Стојко капедан:
-Ајде ќе ојме
село Плчиште,
кај мојта Јана,
Јана посестра!
Ај добровечер
Јано посестро!
-Дал ти бог добро
и што си дошол
Стојко капедан?
-Су сакал Јано,
та што су дошол!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Доќа Марчевска, родена 1908 година во с. Груниште, омажена во селото;а 1954 имаше 46 години.
Вид на песна: комитска