Митано, снао Митано,
татко и мајка зборваја
за тебе да те распадат.
-Деј гиди браче помало,
помало, а и поитро,
што мана мен ми најдовте,
али не месам, не печам,
али не ставам, не кревам,
али не чекам, н’испраќам!
-Деј гиди снао Митано,
маната ти е готова:
камо ти лулка, пеленки,
камо ти крошна во тланик,
камо ти дете во раце?
-Деј гиди браче помало,
иди го прашај брата ти
дали е легнал до мене!
Девет години в туѓина,
ко појде оно не дојде!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: семејна