Откријте го Мариово

Митро ле, Митро, Митро врбјанко,
тури ми, Митро, вино ракија,
да пијам, Митро, да се опијам,

на скуто, Митро, да ти преспијам,
в пазува, Митро, да ти зимувам,
под гуша, Митро, да ти легнувам,
под кркми, Митро, да ти пладнувам.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Таневска, родена 1907 година во с. Брник, а омажена во с. Долно Ореово Битолско; кога ги запишував песните (1959) Менка имаше 52 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu