Откријте го Мариово

Мома Јана танец воде,
момче Стојан камен врља.
Се извишил тежок камен
ми ја удри среде гради

премре замре ничкум падна,
угу еднаш изговори:
– Ој чупина, мили сестри,
кажете и на мајка ми
да не суди млад Стојана,
грашка беше та ме удри!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Стоја Ристевска, родена 1898 година во с. Груниште, а тука била и омажена; во 1954 година имаше 56 години.
Вид на песна: семејна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu