Откријте го Мариово

Мома Катерина рамни дворје мете,
рамни дворје мете бело променета,
бело променета како гулабица,
ситно дробно јаде како јаребица,

кога да зборува како верверица.
Одоздола иде едно лудо младо,
едно лудо младо сива коња вјава,
сива коња вјава луда јаџамија,
луда јаџамија на коњ си говоре:
-Играј коњу играј, да не се наиграш,
да не се наиграш, да би пуст останал!
Што му одговори една стара баба:
-Mope лудо младо, лудо јаџамија,
лудо јаџамија, кутро неженето,
море не колни си твоја брза коња,
како твоја коња негде коња нема,
како моја мома соред моми има!
-Дејди мори бабо, бабо, стара бабо,
како моја коња соред коње има,
како твојта мома ретко моми има!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Таневска, родена 1907 година во с. Брник, а омажена во с. Долно Ореово Битолско; кога ги запишував песните (1959) Менка имаше 52 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu