МАЈКА MOME КАРА– Лирска песна

Booking.com

Mope, моме мало,

шо те мајка кара,

секоа квечерина,

се по месечина.

Mope, лудо младо,

се заради тебе.

Преку двор ми врвиш,

дворот ни го копаш.

Co јаб’ко врлаш,

со ѓердан ме удри,

ѓердан ми одѕвекна,

на мајка и текна.

Mope, моме мало,

изгорев за тебе,

како цвет за вода,

босилок за роса.

Гори лудо, гори

макар да изгориш,

пепел да се сториш,

сапун да те сварам,

руво да си белам.

 

11. Стале Попов забележил две варијанти на оваа песна. Втората варијанта е по кратка за две строфи. Овде ја даваме подолгата варијанта на песната.

 

Извор: Книга – Народни Умотворби

Автор: Стале Попов

Booking.com