Неделој, мори, Недело
шарена одајо,
јас сакам мори, јас сакам
тебе да те љубам. (2)
Љуби ме, лудо, мами ме, (2)
и јас не се бранам, (2)
завардвај, лудо, затукуј,
мама да не виде.
Вардила, мори, гледала
снаа ти Тодора,
кажала, мори, кажала
на брата ти Стојана:
Стојане, море, стопане
каква сестра имаш.
Камо ја, мори, дека је
и јас да ја видам.
Ене ја, море, ене ја
во долно ѓулбавче,
кај бере, море, кајбере
секакви цвеќиња,
кај дава море, кај дава
по млади јергени.
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com