Откријте го Мариово

Дојди, ќерко, дојди,
Кај мајка на гости!
Мајка ќe те гости,
Мало што си јало;
Мало што си јало
Тарун-топеница;
Тарун-топеница,
Шутер-матеница! —

 

Идам, мале, идам,
Co кого да дојдам?
Co кого да дојдам:
Момче је малечко,
Шега је голема!
Качи го над којно,
Најди го под којно, —
Коњо ќe го зоба
Како суво грозје!
Мајко, мила мале,
Стани леб да месам!
Стани леб да месам, —
Киниса по мене:
„Мале, мила мале,
„Меси ми пупале,
„Кла’ј ми го в’ торбале!” —
Та, несум ти мајка,
Маг да те опали!
И јаз сум ти жена,
Желка да те јади!

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu