МОМЕТО НА ТРГОВЕЦОТ – лирска песна

Booking.com

Момето на трговецот,
ден болно моме ден здраво,
фанало моме катаден,
катаден, ката недела.
Татко му богат трговец,

што ја однесе Битола,
во битолските болници;
доктури таму не најде,
само си најде троица.
Првиот седнал до глава,
вториот седнал до срце,
третиот седнал до нозе.
Доктури немски зборваја:
-За ова моме лек нема,
дајте да го отруеме!
Моме немски разбирало:
-Доктури, браќа да сте ми,
немојте да ме труете,
татко ми богат трговец
за мене лекој ќе најде.
Јас не сум болна на срце,
туку сум болна за либе!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Ангелина Пиљовска, родена 1933 година во с. Груниште; во 1953 таа имаше 20 год.
Вид на песна: љубовна

Booking.com