Откријте го Мариово

Момичиња гугутчиња,
како сте ми наредени,
така сте ми со ред мили,
а за едно душа давам,

душа давам душа земам.
Да се ставам јас до него,
да прегрнам рамна става,
да целивам бело лице,
да позобам црни очи;
кога лице јас целивам
ми се чини симит јадам;
кога очи позобувам
ми се чини цреши зобам!
 .
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu