Манастирот Св. Никола е сместен во село Манастир на околу 50 километри од Прилеп, во прилепско Мариово. Храмот „Св. Никола“ е споменик на културата од византискиот период и содржи исклучително вредни фрески изработени во првиот период од византиското владеење. Ваквиот тип сликарство е многу редок и е застапен само во црквата во Курбиново и во „Света Софија“ во Охрид.
Црквата е подигната во 1266 г. на темелите на старата црква од 1095 г. од страна на протостаторот Алексеј, роднина на византискиот император Алексеј Комнин.
За време на Првата светска војна, црквата претрпела сериозни оштетувања, особено западниот ѕид и сводот.
Во Првата светска војна црквата била многу оштетена, особено западниот ѕид и сводот. Подоцна во 1939 г била доградена, но без фрескоживопис.
Ова е единствениот манастир во Мариово во кој има активен монашки живот и до истиот води асфалтен пат.
Booking.com