Mope Димче протуѓерче
Иди викај селаните:
Всело дошле сејмените
Да разгодат конаците
Кај, дваица, кај троица
Руса Дона четворица.
Тамо ми е булукбашот,
Јагне печат, каве варат
Каве пијат, шикер зобат,
Ha Дона и говореа:
Мори Доно, Руса Доно
Ја постели на високо
На високо, на широко,
Клади зглаве нависоко
Над зглавето бардак вода,
Во бардакот киска цвеке
Редко вода да пиеме.
Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов
Booking.com