MOPE КОРУН АРАМИЈО – епска песна

Booking.com

Mope Корун арамијо,
така ли се љубов води,
од недела на недела,
јас те сакам ката вечер!

– Петревице, бре невесто,
како тебе и јас сакам;
ти си имаш машко дете,
машко дете – лута змија,
што ќе види се ќе каже
на татко му, на дедо му!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: арамиска

Booking.com