Откријте го Мариово

Mope лудо зулумџија,
каде одиш зулум правеш,
по реките по водите,
по кладенци по студенци;

таму најде мало моме,
таму најде го заљуби,
му сокина монистата,
монистата од рацете,
шестаците од грлото!
 .
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Таневска, родена 1907 година во с. Брник, а омажена во с. Долно Ореово Битолско; кога ги запишував песните (1959) Менка имаше 52 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu