Откријте го Мариово

Mope моме мало моме,
блазе тебе на душата
оти спиеш при мајка ти,
при мајка ти, при татка ти,

a јас спијам сам сиромав,
сам легнувам, сам станувам,
шар перница прегрнувам,
жешки солзи поронувам,
ал шамиче натопувам,
на гради го исушувам!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu