МОРИ ДЕВОЈКО ДУША ДА НЕМАШ – лирска песна

Booking.com

Мори девојко душа да немаш,
земи го коњов напој го вода,
коњот со ведро, мене со грло.

-М’чи бре лудо, уста да ти капне,
ќе те дочујат мојте девет браќа,
ќе ми те исечат залак по залак,
најголем залак мравата што носе!
-Они ќе ме сечат, ти ќе ме бериш,
ти ќе ме бериш во твоето вутче,
ќе ме посееш момино градинче,
јас ќе наникнам секакви цвеќиња,
а ти ќе дојдеш киска да набереш!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: љубовна

Booking.com