Откријте го Мариово

Мори девојко, вајстелска ќерко,
лели велеше, ем се колнеше,
на кладенецот пред другачките:

– Ој чупи, чупи. ој мили сестри,
јас не се мажам ова година,
ова година – скудна година,
ни леп се роди, ни вино има,
чашата вино е до стотина,
капка ракија е два влорина!
Што си правила божиќни пости,
големи ноќи – мали денови,
дење да везиш ноќе да параш,
пак ќе направиш кола промена!
Ти ами сега, вајстелска ќерко,
млкни стреите – дарвај снаите,
крши вурките – дарвај вујните,
лови врапчиња – дарвај внучиња,
лови гарвани – дарвај девери,
на свекрвата – гарагачката!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: хумористична

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu