ОВА ОТИДЕ ПОД MPA3 — БРГУ ДАЈТЕ ДРУГО – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com

Еден поп си го јавнал магарето и тргнал во едно соседно село да посврши некаква „душо — брижничка” работа.

Патот го водел покрај некоја селска рекичка, бидејќи било зимно време, одвај си ги задржуваше вилиците да не му се тресат. Но не сака да слезе и да пооди малку пеши за да се позатопли.

Таман на средето од патот, еве ти ги две жени со дете в раце.

—           Co здравје, дедо попе!

—           Здравје да имате, и вие со здравје, — им одговори попот. — Каде вака вие двете по ова време? Па и детето сте го понесле; ќе го измрзните!

—           Ете, тргнавме кај тебе да го крстиме детево, туку што ќе правиме сега кога ти не си дома? — одговори една и се позамисли, па како да се присети, го праша:

—           Туку… не ќе можеш ли да го закрстиш овде некако?

Попот го запре магарето и малку се позамисли, па им рече:

—           Оти пак да не можам? И в црква јас ќе го крстам, и овде, уште како! Тешко е да се крсти дете; чудни ми чуда! — и слезе од магарето, го зеде в раце детето и слезе до рекичката, која беше замрзната. Удри по мразот со топукот од тешките чизми, го скрши и за миг го соблече детето и почна да го маца во ладната вода, зборувајќи: „крешчајтсја раб божи…” и таман сакаше да ја праша кумата што име ќе му даде, детето му се слизна од раце, падна во водата и отиде под мразот надолу.

На тоа попот мирно им рече на жените:

— Ова отиде под мраз — бргу дајте друго оти ми студи, ќе си одам.

Жените видоа што направи попот, спискаа и се нагнаа надолу белким ќе можат да си го извадат детето, а попот кога виде дека не носат друго да крсти, си го јавна магарето и си го продолжи патот. Оттогаш па до денеска за секоја пропадната работа се вели: „ова отиде под мраз, дајте друго”.

 

Преземено од: Раскази I том, СОБРАНИ ДЕЛА

Автор: СТАЛЕ ПОПОВ

Уредник: ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ

Редактор: ДИМИТАР МИТРЕВ

НИК „НАША КНИГА’ СКОПЈЕ, 1976

Booking.com