Имаше једен човек сирома. Тој не можеше да живи во своје самородно место, не можеше да ји израни деца си, и премисли да оди друго страно. Ишол, ишол. Го стемни на једна планина.
И он завали оган да ноќува. Имаше три 5 деца, а жена му беше тешка. Ко’ по пат, иди једен трговец. Видел огана, ошол и тој да ноќува; седна и извади леб да јади. Онија деца на сиромаха, вика једното: „Тате, тате, сакам леб!” И вика второто: „Тате, тате, сакам леб!” И вика треќото: „Тате, тате, сакам леб!” Он, трговецо, скршил по малку леб, му даде на децата.
И онаја ноќ тешката жена родила на планина једно машко дете. Тогавај дошле три мина наречници, онија само вили што делат стреќа на човек: како ќe живеје, како ќe му биди работа и како ќе умре? Изговори првата: „Да го земиме детето!” Втората кажала: „Нека го, нека расни два-јесе години!” А треќата му наречла-. „Нека живи и да го земи на овој трговец негово момиче!” Трговецо чул и неќел зет од сирома човек. „Је ли, бе, сиромаше,” му вели трговецо, „дај ми го сега ‘воа дете; ако сакаш пари, на ти!”
Он, сиромахо, го дава; мајка му не го дава. Зеде татко му детето и го даде.
Трговецо јавнал коњо и го зел детето за пари. Он го занесол во гората и си продумал: „Да го убијам? Што ќe да убијам?! Ќе го јоставам туа, ќe го најди мечката.” И го јоставил детето во гората. Имаше једен поп и једен момок. На попо жена му беше штира. Отидоа на лов попо и момоко. Нашле го оноа дете којето го остави трговецо. Извикал момоко: „Попе, пoпe, ево го једно машко дете!” — „Земи го,” кажал попо.
Отишле се во куќа и го крстиле детето: Најденко.
Трговецо му беше на попо пријатељ. Трговецо се врнал след десет години кај попо. „Попе, побратиме, лели немаше деца ти?” — „Најдо го, побратиме,” кажал му попо. И му текнало на оној трговец, како го нашол, и се задумал на памет много добро. „Побратиме, што се мислиш?” кажал попо. — „Побратиме, ќe напишам једна книга, да отиди твојето дете при наши куќи, да ја занеси.” Трговецо пишал во книгата: „Слушај, Стојане, сине мој! Овоа дете ќe ти даде книгата: да го фатиш, да го убијеш; кога ќe си дојдам, ќe го закопам.” И му кажал трговецо на детето: „Да не спијеш по пат; ако ти книга сака некој, да не му ја дајиш!”
Тргна детето по пат. Одеше, одеше. И му се приспа тешко. Легна да спије. Ето го једин дедо: то не бил дедо, веќе бил сам Бог! „Синко, синко, каде одиш?” — „Идам, дедо, да занесам једна книга до једно трговско дете.” — „Камо, да видим онаја книга јаз!” И дедо зеде книгата, ја виде и ја сокина. Извадил друга книга и му напишал на трговско дете: „Слушај, синко, Стојане! Овоа дете ќe ти даде книгата: да поканиш нункото и попа и два девера, једен стар и једен мал, и једен старосват; да го венчате за нашето момиче!” И му даде дедо книга на детето Најдо и тој продолжава за кам трговското дете.
Стасал, му дал книгата. И тој извршил сета работа што пишујеше татко му; a то не било од татка му, веќ то било од Господ! И го венчале за трговско момичето сиромашкија син, како му го наречеле наречниците! Свадбата ќe ја прават кога ќe си дојди трговецо. Трговецо си дојде.
Кога виде: оноа дете му се сторило зет! И он се мркна и отиде кај овчарите: „Слушајте, вије! Јаз ќe пратам једен човек, да земи брав за свадбата: вије да го убијете!”
Дошол си трговецо дома и рекол на неговата жена: „Бабо, прати го зето, да земи једен брав од кај овците за утре за свадба.” Онаја баба не го натера зето, ами натерала го сина си Стојана! „Бабо”, ји рекол трговецо, „отиде ли Најден кај овците?” — „Дедо, го прати нашето дете Стојана; неќам да ји пробудам зето и невеста.” И оној Стојан, го убиле овчарите, како му ји рекол трговецо.
Зеле го оној трговскија син и го закопале. А трговецо мисли пак да го убије зето! Отиде на једно кафе стемнато време. И баба му вели на зето: „Најденко, отиди на филан- кафе, викни му на дедо ти, да си дојди.” И он отиде и наслушал кaj што дедо му вели на кафеџијата: „Слушај, кафеџи! Јаз ќe го натерам зето ми на филанкафе и ќe му речам: „Јаз си забрави ќece со пари;оди, земи го!”” А ти да застаниш на портата и, кога ќe отвори да влезе, тргни сос пушката, уби го!” Тоа наслушал и се вратил надзад зето.
И вечерта ји вели трговецо на бабата: „Бабо, Иди, речи му на зето, да отиди на филан-кафе; си забрави ќece со пари, да го земи”. И онаја така му кажа на зето. И трговецо чека пушка да изгрми, чека — нема ништо! „Бабо, кажа му на зето?” – „Кажа му, си отиде”. Трговецо премислил: „Чекај, да видим јаз кафеџија, сигуре заспал?” И он иди да види на портата, да ли је заспал кафеџијата? Отворил вратата трговецо. А кафеџијата изгрме једнеш и го отепа трговецо! И тако му наречеле наречниците, да остани трговската стока на сиромашкија син!
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)