My се здрвија јазико веќе викајќи: ,,Дај Бог добро! – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com

Орале дедо-Трајко Џандар и внучко му Танас во Дуње на једна нива крај пато што оди од Старо Маријово за на Прилеп.

Бил пазарнијо ден. И почнале да идат оздола пазарцији многу, колко једен голем карван да беше. „Добро утро, чичо, аирлија нека ти биди работа!” почнал првен од пазарџији. „Дал ти Бог добро, синко, аир да видиш!” му рекол орач, дедо-Трајко. И сете пазарџији тако со ред, једен по једен, заминајиќум викале поздрава: „Добро утро, чичо, аирлија да ти је работа!” Заминале шес-седум мина једен зад други, а дедо му вика на секој пазарџија: „Дал ти Бог добро, синко, аир да видиш!” Заминале уште десетина мина, а дедо му викал: »„Дај Бог добро, дај Бог добро!”… Уште десетина, а дедо: „Дај со добро, дај со добро!”.. Кога не можел веќе да встаса, дедо му подвикнал: доста, бре, пазарџије! Ми се здрвија јазико веќе викајќи: Дај Бог добро!”

 

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Booking.com