Нането е повеќегодишна зељеста билка висока до 50 см.
Стеблото на нането има четириаголна форма и е разгрането, а лисјата се наспротни, назабени и јајчести, на лице имаат темно-зелена боја, а на другата страна со виолетова нијанса.
Цветовите на нането се ситни со виолетова боја. Нането цвета од јуни до септември. Нането има многу пријатен мирис како на мента.
УПОТРЕБА:
За лек се собира надземниот дел.
Во народната медицина се употребува како лек за стомачни болести.
Исто така, се користи при воспаленија на жолчката и црниот дроб, воспаленија и болки во бубрезите и мочниот меур. Нането е добар лек за дијареи, за болки во желудникот, гастритис, чир на желудникот и дванаесетпалечното црево, надуен стомак.
Надворешно, нането може да се употребува за хигиена во устата, за кожни болести, ревматизам, неврологии.
Нането е богато со етерски масла и се приготвуваат разни препарати.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com