Наречници му наречеле самовилска чупа! – предание

Booking.com

Имаше једен човек, кога се роди, нему му задумаја наречниците жена. Једна му вика: „Оваја ќe биди! Друга вели: „Онаја ќe биди!”

А дзадната рекла: „Ајде, ќe му наречиме и ќe му ја дајиме од нашите девојки, једно самовилско чупе; нека земи самовилска пауница!” Како дзадната ќe наречи, тако ќe му биди! Сторија!
Кога детето нарасна маж, не можеше да се ожени. Бараше жена во неговото село, ами не ја најде. И он тргна да оди во једен град; к’о велешс, там’ ќe најди. Одил, поо-дил. На једен мос го најде једен дедо. Тој дедо врзал једно ќecијa co пари и му вика: „Кој ќe ји земи, пишман ќe биди; и кој ќе ји не земи, па пишман ќe биди“ Овој човек чул таја дума и: „Пишман — непишман, ќe земам!” Он, човеко, ји зеде тија пари, и дедо му рече: „Синко, да купиш једна крава, да ја заколиш, да ја одериш, да се пикнеш во кожата од кравата; ќe дојдат три орли, ќe те дигнат и ќe те занесат на некоје место — тоа ти је тебе стреќа!
И он, човеко, тако изработил. Дошле три орли, го кренаја и го занесоа на једна голема стена. И он зеде ножо, пресече кожата и излезе. Се рашета по онаја стена. Виде од стената једна дупка право удолу. Во онаја дупка имаше мраморни камени скали. Он слезе: отидна во Долнијо Свет!
Најде тамо једна баба. Таја варила три казани чорба за самовилите. И баба го пита оној човек: „Како дојде ти, синко?” И он ји кажа както што је било. „Јаз”, рече, „ќе одам на вода; да не пипниш неило во ковчезите!” И не го трајаше кожа него, човеко; отвори једен ковчег и виде внатре једна чупа: убава била, та не може повеќе! И она, баба, си дошла надзад. „Синко ” рече, „да ручаш, ќe ти -дам; и да земиш онаја чупа, и да си одиш со неја на вашијо свет: таја ти је наречена, да ти биди жена, самовилска пауница да имаш!“ И човеко ја пита бабата: „Ами, како ќe излезим на оној свет?” — „Имам”, рече, Једен стари орел што располага во немечко; ќe го викниме него, ќe му се  ватите за по једна нога, и он ќе ве симни на вашијо свет. А ти, синко, на оваја жена самовилската руба само заклучена ќe ја држиш во ковчеже, да не ја даваш, да не ти избега”.
Тој стари орел ји симнал од Долнијо во Горнијо Свет.
И човек, ко’ си излегол на Горнијо Свет, о’шол дома со невеста самовила. Се чудиле сељаните нез’на убавина, кај што немаше повеќе! Направил тој човек голема свадба, и си живејале убаво. На трите години невеста самовила родила машко дете. И тога пејале на крштењето, пејале и играле. Жена му се молеше на мажа си: „Дај ми ја мојата самовилска промена, једно оро да изиграм!” Нункото привика: ,.Дај ји ја!” И како човек даде, се излага! Што си тури на себе самовилска руба, таја си заврте на лево, на десно, сврте ја негова куќа од темељ наопако и му избега во јоблаците!

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Booking.com