Ha слнце ce молат
двеста ќираџии,
триста маскарџии:
– Постој слнце постој,
постој почекај не
да се преврвиме,
да се преброиме
на Демир Капија,
на тесна клисура!
Ми се заврвоа,
ми се доврвоа,
на бројот ми нема
троица јунаци:
Бошко добер јунак,
Секула војвода,
Марко Кралевиќе.
Ми се зајавија,
ми се зададоа
до три сиви сокли;
први сокол носе
Бошковата рака
сосе сребрен прстен,
други сокол носе
Секулова нога
сосе десен скорен,
трети сокол носе
Марковата глава
сосе русо перче.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Доќа Марчевска, родена 1908 година во с. Груниште, омажена во селото;а 1954 имаше 46 години.
Вид на песна: јуначка