На сон те сонувам
бре убаво моме,
на сон те сонувам
близу покрај мене,
на мека постела,
бубаќна перница,
на рака десница.
Кога се разбудив
тебе не те најдов,
луто се заколнав,
бре убаво моме,
пушка да ме удри,
сабја да ме сече,
ако тебе моме
јазе не те земам.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: љубовна