Натемате, сину, во дуњата
што продаде, сину татковнина,
татковнина, сину, три чивлизи,
секој чивлик, сину, по сто лири,
ми се прават, сину, триста лири.
– He карај ме, мале, не колниме,
ме пратија, мале, млад спаија,
млад спаија, мале, по селата
да повелам, мале, седумдесет,
седумдесет, мале тешки села.
Јас си љу6ам,мале,седумдесет
седумдесет, мале, бели моми;
сите моми, мале, киски носат,
киски носат, мале, на главата,
млада Ѓурѓа, мале, киска носи,
киска носи, мале, за појасот,
дан’је Ѓурѓа, мале, посвршена?
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: љубовна