Натерај ме мајко
на права пладнина,
на цврста жештина
трње да ти врша.
He давај ме мајко
на старо на аро;
во постела легни
душа му мириса
како варен бозеј;
в пазува посегни
како во капина,
на рака му легни
како на грамада.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Таневска, родена 1907 година во с. Брник, а омажена во с. Долно Ореово Битолско; кога ги запишував песните (1959) Менка имаше 52 години.
Вид на песна: семејна