Ha врв на планина,
на рамна ледина,
една река тече,
река румалија.
До реката има
совичка зандана,
во зандана леже
Ѓуро млад темничар.
До реката има
дрво маслинкаво,
на дрвото има
до три кукавици.
Прва кукавица
Ѓуровата мајка,
втора кукавица
Ѓуровата жена,
трета кукавица
Ѓуровата сестра.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: балада