НЕЧО СЕДИ СЕЛО ЗОВИК – епска песна

Booking.com

Нечо седи село Зовик,
абер праќа в планината,
в планината на Нурета:

– Како знаеш, јунак Нуре,
одма дојди на Илинден;
тогај идат многу гости,
сите аги и бегови,
сите главни арамии;
и ќе дојде Дибек Мата,
Дибек Мата витолишка,
она носи многу стока:
на грлото две иљади,
на коцељот три иљади!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: арамиска

Booking.com