Откријте го Мариово

Недела, море, недела,
шарена одаја,
јас сакам, море, јас сакам,
тебе да те љубам;

љуби ме, море љуби ме
и јас не се бранам.
Стојане, море, Стојане,
каква сестра имаш,
каде е, море, дека е,
сакам да ја видам!
Ене ја, море, ене ја,
во новата градина
кај бере, море, кај бере
секаквине киски,
да дава, море, да дава,
по лудине млади,
по младине, по младине,
луди неженети.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Марчевска, родена 1912 година во с. Будимирци, омажена во с. Петалино а премажена во с. Груниште; тогаш (1953) таа имаше 41 година.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu