He плачи мајко не тажи,
не рони солзи крвави
по твојте бели образи,
немој лице да огрубиш.
Што ми е мило и драго,
млада комита да одам
во Пелистерска планина,
одбор дружина да имам,
на рамо гуна да носам,
под гуна пушка берданка;
најнапред, мале, да тргам,
клети тирани да ловам,
клети тирани да колам;
не можам, мале, да гледам
не можам, мале, да трпам
клети тирани да гледам
на татковото огниште,
на татковите катишта!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Марчевска, родена 1912 година во с. Будимирци, омажена во с. Петалино а премажена во с. Груниште; тогаш (1953) таа имаше 41 година.
Вид на песна: комитска