Откријте го Мариово

He сади моме не вади,
на патот ти е градина,
кој ќе помине ќе скине.
Помина лудо помина,

отчешна гранка босилок,
луто го моме проколна;
за час се моме раздума:
– He чуј ме боже што реков,
дан ми е мене писано,
кој ќе го носи да проси,
по битолските сокаци,
по еврејските дуќани!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu