Невенот е едногодишна зељеста билка, која има разгрането стебло високо и до 50 см.
Лисјата во основата се крупни и покриени со влакненца, на рабовите се рамни. Цветовите на невенот се крупни и имаат портокалово-жолта боја.
Билката се култивира.
УПОТРЕБА:
За лек се користи исушен надземниот дел, кој содржи: каротеноиди, слузи, етерско масло, горчливи материи, ензими, витамини и друго. во народната медицина и во фитотерапијата, невенот се користи како средство за лекување на рани, исекотини, чир на потколеницата, за смирување на нервниот систем, лош сон, нервозно срце, женски болести, болести на жолчка, црн доб и уринарни органи.
Невенот има антиканцерогено дејство, штити од рак, лечи заразна жолтица, кожни болести, лишај, шуга, тумори и рани, воспаление на дебелото црево, пролив и цисти на црева. Невенот се користи во форма на чај, тинктура, масло и разни мелеми.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com