Откријте го Мариово

Невесто, црвен трендафил,
сношти си дојдов од гурбет,
голем кабает ти најдов:
што ти е појас распашан?

– Стојане, море стопане,
 многу болви во куќава,
зато е појас распашан!
-Невесто, црвен трендафил,
за това ќе ти повервам,
па друга мана ти најдов:
што ти е коса мрсена?
Стојане, море стопане,
децата ти се палави,
зато ми коса мрсена.
Невесто, црвен трендафил,
и това да ти верувам,
но друга мана ти најдов:
што ти се нозе драскави?
-Стојане, море стопане,
вчера сум била на нива,
многу капини имало,
зато се нозе драскани!
-Невесто, црвен трендафил,
и това да ти верувам,
но кој е оној в пондила,
со сива сакма завиен?
-Стојане, море стопане,
чини ми што ќе ми чиниш,
лагите ми се свршија,
да лажам веќе не можам!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: семејна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu