Откријте го Мариово

Невесто око калешо,
качи се горе на чардак
пули се долу на поле;
овчар со овци идеше
со шарен кавал свиреше,

на јагне вели говори:
– Јагнина, јагне сугаре,
од девет мајки дојано,
на крман плоча крмено,
на Шар-планина пасено,
на студен извор појано.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Таневска, родена 1907 година во с. Брник, а омажена во с. Долно Ореово Битолско; кога ги запишував песните (1959) Менка имаше 52 години.
Вид на песна: овчарска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu