He виткај ce, не крши ce,
како змија во чалија,
Јовано, мори, Јованке,
како овца калешвица,
како коза јаловица,
како кравче штираквиче,
како јунче не учено,
како коњче не вјавано.
Жена имам како тебе,
ќе ја бркам зарад тебе,
Јовано, мори, Јованке,
зарад твојта рамна снага,
зарад твојто бело лице,
зарад твојте црни очи,
зарад твојте танки веѓи,
Јовано, мори, Јованке.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Марчевска, родена 1912 година во с. Будимирци, омажена во с. Петалино а премажена во с. Груниште; тогаш (1953) таа имаше 41 година.
Вид на песна: љубовна