Откријте го Мариово

Низ дифано шета Панта,
бели раце плуска,
танки прсти крше,
дробни солзи роне,

луто мама колне:
-Пусто да остане
новото биљардо,
сега што се праве
во нашето село
во нашето мало,
карши нашта куќа;
тамо ми се берат
Турци ем каури,
ром ракија пијат,
Панта ја думаат:
-Панта мома ми е
битолско симиче,
Пантината става
танка и висока,
Пантините очи
стреши анадолски.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Стоја Ристевска, родена 1898 година во с. Груниште, а тука била и омажена; во 1954 година имаше 56 години.
Вид на песна: семејна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu