НУНКОВИТЕ КОЊЕ – лирска песна, свадбарска

Booking.com

Нунковите коње
на соборје стојат,
колку што ми стојат,
толку се радвајат
с’ предните копајат,
задници врљајат,
оти ќе одаат

по млада невеста,
по бела Петкана.
Невеста е од далеку,
преку девет сињи гори;
силна сабја препашала
ќе ги коле сватовите
оти момче не бендиса;
момчето е Бело,
Бело од Костура.
Излегоа сватовите,
си отпаша силна сабја,
 се заврте лево десно
и ги закла сватовите,
па и Бело од Костура.

 

Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: свадбарска

Booking.com