Очи црни очи
да 6и испукале,
да 6и истрескале,
што не популите
Што по друмот врве.
Турци по друм врват
девет були носат,
сите ги давајат
з’една мариовка,
мома витолишка,
поповата ќерка,
за ѓакова сестра!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Марчевска, родена 1912 година во с. Будимирци, омажена во с. Петалино а премажена во с. Груниште; тогаш (1953) таа имаше 41 година.
Вид на песна: семејна